
|
 |
Вести / Свет
Четири деца загинаа во земјотесот во Кина
Пекинг, 12 мај (МИА) - Најмалку четири деца загинаа, а повеќе од сто лица се повредени во силниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што денеска ја погоди југозападната кинеската провинција Сечуан.
Децата загинале во Чонгинг каде две основни училишта се урнаа од јачината на потресот.
Земјотресот, чиј епицентар е на 95 километри северопазадно од градот Чанду, административен центар на провинцијата Сечуан, бил почуствуван и во Пекинг, Шангај, Хонг Конг и Банког.
Кинеската сеизмолошка агенција првично соопшти дека јачината на земјотресот била 7,6 степени, но овој податок потоа беше корегиран на 7,8 степени според Рихтеровата скала.
Кинескиот премиер Вен Џиабао отпатува за провинцијата Сечуан, додека претседателот Ху Џинтао нареди итно да се достави помош за настраданите.
Властите испратија војници во тој регион и наредија армијата да се вклучи во спасувачки операции. Аеродромот во Чанду е привремено затворен, но главниот автопат е поправен.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|