
|
 |
Вести / Свет
Бројот на жртвите од земјотресот во Кина достигна 107 лица
Пекинг, 12 мај (МИА) - Бројот на официјално потврдените жртви од денешниот земјотрес во Кина, со силина на ударот од 7,8 степени според Рихтер, достигна 107 лица,а ранети се уште 34 лица, соопшти Министерството за граѓанска администрација, пренесува агенцијата Синхуа.
Смртните случаи се регистрирани во провинцијата Сечуан, каде беше епицентарот на ударот, потоа во Гансу и Јунан, како и во градот Чинцин.
Приближно 900-тини гимназијалци веројатно се затрупани во југозападната провинција Сечуан по урнувањето на нивната училишна зграда.
Земјотресот доведе до одлагање на полетувањата на аеродромите и ги загрози електроцентралите и електродистрибутивната мрежа во настраданите региони.
Премиерот Вен Џијабао пристигна во главниот град на Сечуан - Чанду и веќе е на пат кон најсилно погодените реони на провинцијата.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|