
|
 |
Вести / Свет
Kсинхуа: Меѓу три и пет илјади загинати во земјотресот во Кина
Пекинг, 12 мај (МИА) - Во денешниот земјотерс што ја потерсе кинеската југоисточна провинција Сечуан, загинаа меѓу три и пет илјади лица, јави агенцијата Kсинхуа. Се претпоставува дека најмалку десет илјади лица се ранети во потресот.
Според кинеските власти, меѓу 3.000 и 5.000 лица веројатно загинале во областа Бејчоуан, на околу 160 километри северно од престолнината на Сечуан - Чинду, претежно населена со Тибеќани.
Претходно кинеските власти потврдија дека се откриени телата на 107 Кинези, жртви во земјотресот. Потврдените смртни случаи се регистрирани во провинциите Сечуан, Гансу и Јунан, како и во градот на централната управа Чунцин.
Кинескиот претседател, Ху Џинтао, нареди максимален број војници да бидат испратени во Сечуан, за да помогнат во расчистувањето на урнатините и во извлекувањето на затрупаните. Во провинцијата во моментов има пет илјади војници, кои се вклучени во спасувачките операции. Кинескиот премиер Вен Џибао со авион допатува во Чинду, за да ги посети најзагорзните области.
Земјотрес со интензитет од 7,8 степени според Рихтеровата скала утрово го потресе регинот. Епицентарот на потресот е лоциран на 92 километри од престолнината на Сечуан.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|