
|
 |
Вести / Свет
„Гугл“ планира соработка со „Јаху“
Вашингтон, 12 мај (МИА) - Американскиот интернет пребарувач „Гугл“ (Google) во наредните неколку месеци планира да лансира нови производи за своите услуги за размена на видео содржината со „ЈуТјуб“ (YouTube) и проценува дека има место и за потесна соработка со домашниот конкурент „Јаху“ (Yahoo), изјави генералниот директор на „Гугл“, Ерик Шмит.
„Јаху“ во април кој не ја прифати понудата од софтверскиот гигант „Мајкрософт“ за негово купување во висина од 42 милијарди долари, две недели подоцна направи тестирање на својот пребарувач „Гугл“ систем за продажба на рекламни линкови.
- Поради тоа двете компании ќе продолжат да разговараат за соработка. Но, се уште не постигнат никаков договор. Оценуваме дека тестирањето беше успешно, што не охрабрува да ги продолжиме разговорите со „Јаху“, истакна Шмит.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|