
|
 |
Вести / Свет
|
|
Олмерт: Постигнат „вистински напредок“ во преговорите меѓу Израел и Палестинците
Ерусалим, 13 мај (МИА) - Израел и Палесинците постигнаа „вистински напредок“ во мировните преговири, изјави денеска израелскиот премиер Ехуд Олмерт.
- Постигнавме вистински напредок и постигната е согласност и договори за многу важни работи, нагласи Олмерт.
Израелскиот премиер потенцира дека разговорите што Израел ги води со палестинските автономни власти се „сериозни и многу значајни“.
- Се надевам дека ќе постигнеме договор, кој ќе биде спроведен врз основа и во согласност со мировната мапа, рече Олмерт.
Постигнатиот напредок во преговорите меѓу Израелците и Палестинците, доаѓа во пресрет на утрешната посета на американскиот претседател Џорџ Буш во Израел.
Со престојот во Израел и со средбите со израелските и палестинските лидери, Буш ја започнува неколкудневната турнеја низ Блискиот Исток, чија цел е поттикнување на блискоисточниот мировен процес.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|