сабота, 30.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Вести / Свет

Белата куќа и понуди помош на Кина за жртвите од земјотресот

Вашингтон, 14 мај (МИА) - Американскиот претседател Џорџ Буш и понуди помош на Кина, која во понеделникот беше погодена од разорен земјотрес што однесе најмалку 15.000 животи, а солидарност веќе искажаа многу други држави, градови, организации и поединци.

Буш и кинескиот претседател Ху Џинтао синоќа телефонски разговарале за последиците од земјотресот, што ја погоди југозападната кинеска провинција Сечуан, но и за билатералните односи и за ситуацијата во Тибет.

Белата куќа најави дека ќе донира 500.000 долари како прва помош за настраданите во Кина.

Германската Влада синоќа соопшти дека како прв чекор за помош на жртвите од земјотресот одвоила 770.000 долари.

Тајванските верски организации и поединци веќе донираа околу еден милион долари помош, а Тајпеј соопшти дека ја става на располагање сета можна помош за погодените региони.

Јапонија најави дека ќе упати во Кина хуманитарна помош вредна пет милиони долари и доколку е потребно ќе испрати и екипи за спасување и за пружање на помош на жртвите.

Јужна Кореја обезбеди околу еден милион долари помош, а граѓаните на Хонг Конг собраа над 50 милиони долари.


Наjновo од Вести
ЕУ да даде објективна оценка за настаните во Јужна Осетија
Косовар планирал атентат врз британскиот премиер
Грчки интернет страници нападнати од "Македонската Сајбер Елита"
Во судири во Пакистан убиени 26 лица
Во судири во Пакистан убиени 26 лица
Во Мароко уапсени 15 членови на терористичка група поврзана со Ал Каеда
Грузија ги прекина дипломатските односи со Русија
Иран има во употреба 4.000 атомски центрифуги, изјави иранскиот заменик шеф на дипломатија
Пораст на цената на нафтата
Јапонија ќе ги укине санкциите врз Северна Кореја
Во верските судири во Индија 11 загинати, илјадници раселени лица
Дмитриј Медведев првпат се сретна со иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад
Ураганот Густав зеде 59 жртви
Infected Mushroom
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи