вторник, 07.10.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Те сакаме сите, Тоше
Вести / Свет

Бан Ки-мун испраќа на Мјанмар висок функционер на ОН

Њујорк, 15 мај (МИА) - Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун соопшти дека на Мјанмар ќе испрати еден од највисоките функционери на Светската организација.

Западните медиуми коментираат дека решението на Бан доаѓа во моментот кога се посилен станува притисокот на меѓународната заедница врз воената хунта во Мјанмар, поради нејзините  ограничувања за  странската помош наменета за жртвите погодени од разорниот циклон.

Медиумите наведуваат дека шефот на Агенцијата за хуманитарна помош на ОН, Џон Холмс наскоро треба да замине за Мјамнар со авион што ќе превезува хуманитарна помош.

Бан исто така најави дека ќе свика конференција на земјите кои сакаат да му помогнат на Мјанмар.

Во проценките на ОН се наведува дека околу 2,5 милиони жители на Мјанмар се погодени од последиците на циклонот Наргис, кој пред две седмици ја погоди земјата.

Според официјалните податоци бројот на жртвите е 38.491 лице, а 27.838 лица се водат за исчезнати.  

Меѓутоа се стравува дека бројот на жртвите би можел да биде многу поголем, а според некои проценки би можел да достигне и 100.000 луѓе.

Воената хунта не дозволува влез за повеќето странски експерти за дистрибуција на помошта и не се откажува од политиката сама да ја распоредува помошта.

Многу западни земји повеќепати ја обвинија воената хунта во Мјанмар дека реагира бавно на кризата и дека создава пречки при испораката на меѓународната хуманитарна помош.


Наjновo од Вести
Струмичкото стопанство за девет месеци оствари извоз од околу 50 милиони евра
Дирекцијата за храна изврши контроли во 32 објектa низ Скопје
Јанез Јанша сака да го тужи финскиот новинар
Во Куманово почна судскиот процес против Халили обвинет за убиство на командирот на Полициската станица во Матејче
Франција: Обвинителот бара Вилпен да биде вратен пред судот
Можен кредит од ЕБОР за четири земји од Западен Балкан
Русија лансира сателит за изучување на молњи
Оружјето на киднапираниот украински брод е наменето за Владата во јужен Судан
Во Авганистан убиени 60 талибанци
Нил Кашкари именуван за шеф на американската финансиска програма за излез од кризата
Тајван ја обвини Кина за обид за биолошка војна
Јапонците Макато Кобајаши и Тошихиде Маскава и Американецот Јоичиро Намбу добитници на Нобеловата награда за физика за 2008 година
Хјуман рајтс воч: САД го изгубија легитимитетот во светот
Тајландскиот вицепремиер поднесе оставка поради протести
Кина ги затвора училиштата од безбедносни причини по земјотресот во Тибет
Две експлозиии крај Зелената зона во Багдад
Американски автор на книга против Барак Обама уапсен во Нигерија
vibe tribe
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи