понеделник, 08.09.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Вести / Свет

Израелски министри бараат голема воена операција против Хамас

Ерусалим, 15 мај (МИА) - Неколку израелски министри, сите членови на Кабинетот за внатрешна безбедност, апелираа за разбивање на исламистичкото воено движење Хамас, преку голема воена операција во Појасот Газа.

Апелот беше упатен, откако палестинска ракета погоди еден трговски центар во Јужен Израел, при што 14 лица беа повредени, од кои четири потешко. 

Шефот на израелското воено разузнавање Амос Јадлин изјави за весникот “Аарец“ дека доколку Израел не преземе соодветни мерки, Хамас за две години ќе биде во можност да извршува напади и во внатрешноста на изралеската територија.

- Кога стрелаат кон тебе, треба да возвратиш. Израелската армија никогаш не била поподготвена да спроведе голема воена операција во Појасот Газа, изјави за државното радио израелскиот министер за инфраструктура Бенјамин Бел Елиезер.

- Во никој случај не треба да се дозволи создавање на Хамастан долж јужната граница на Израел. Тоа е недозволиво. Треба да се стави крај на владеењето на Хамас во Појасот Газа, истакна првиот заменик-премиер Хаум Рамон.

Министерот за внатрешни работи Меир Шитрит и министерот без ресор, задолжен за пензионерите, Рафи Ејтан, исто така сметаат дека нема друг избор освен да се навлезе во Појасот Газа.


Наjновo од Вести
Британските синдикати го обвинија Гордон Браун за предавство на лабуристичките симпатизери
СКМ го поддржува барањето пивото да не се третира какo алкохол
Цената на нафтата се намали во очекување на состанокот на ОПЕК
Дик Чејни ги поддржа амбициите на Украина за влез во НАТО
Врачени почесните признанија за хуманост „Мајка Тереза“
Тропската бура Хана се движи кон југоисточниот брег на САД, а по неа доаѓа ураганот Ајк
Нафтени компании го потткопуваат енергетскиот договор на Србија со„ Газпром“, тврди српски опозициски политичар
Најмалку 12 жртви на ураганот Густав во Лујзијана
Ал Каеда го откри идентитетот на напаѓачот на данската амбасада во Исламабад
Иран ги отфрли тврдењата на Саркози дека има нуклеарно оружје
УНИЦЕФ: Во Етиопија 4,6 милиони луѓе може да ги загубат животите поради глад
Полицијата уапси над 200 демонстранти за време на говорот на Мекејн во Минесота
ЕУ набљудувачите во Ангола сметаат дека организацијата на парламентарните избори е „катастрофална“
Таро Асо официјално објави дека ќе се кандидира за претседател на владејачката ЛДП
Петмина исламисти загинаа при американски напад на територијата на Пакистан
Infected Mushroom
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи