петок, 12.03.2010

  IDIVIDI Мени
Именик
download
Вести / Свет

Во Саудиска Арабија упасени две Нигеријки осомничени дека се „вештерки“

Ријад, 15 мај (МИА) - Исламскиот одбор за промоција на доблести и превенција од пороци во саудискиот град Мека уапаси две Нигеријки кои се осомничени дека се вештерки,  соопшти весникот „Араб Њуз“.

Оваа исламска „верска полиција“ ги уапсила 16-годишната Нуха и 37-годишната Заинаб во населбата Мансура. 

Весникот наведува дека Нуха е најмладата „вештерка“ што досега Одборот ја има уапсено, а двете признале дека се фалеле со својата „моќ“.

Двете станале познати по тоа што тврделе дека можат да предизвикаат импотенција и на тој начин да  прекинат нечија врска.

„Араб Њуз“ наведува дека на двете жени им била испратена мамка, односно жена која од нив побарала да го спречат нејзиниот маж втор пат да се ожени.

„Вештерките“ од жената побарале три илјади саудиски ријали (околу 520 евра), а следната ноќ дошле во нејзиниот стан каде почнале да ги извршуваат магиските ритуали, при што биле уапсени од членови на Одборот.

Во Саудиска Арабија во сила е строг закон согласно кој „вештерките“ и „волшебниците“ се казнуваат на смрт. Организацијата за човекови права „Хјуман Рајтс Воч“ во моментот се бори за ослободување на „вештерката“ Фавзе Фалих, која е осудена на смрт.


Наjновo од Вести
Апел за помош
Националните малцинства во Србија, меѓу кои и македонското, ќе избираат свои совети на 6 јуни
МТСП предлага измени за воспоставување ред во посвојувањето деца
Македонски и албански интелектуалци дебатираа за албанскиот јазик во образованието
Црвенковски бара од Петрески да се врати од Австралија, но не и оставка
СДСМ: Владата на ВМРО-ДПМНЕ да постапува наместо да обвинува
Заврши лидерската средба за уставните измени
Хамас го ослободи заробениот британски новинар во Газа
Да не се одложуваат мировните преговори на Блискиот Исток
Иран тврди дека Вашингтон сака да преземе контрола врз енергетските извори
Кина ги заострува правилата за квалификации на новинарите
Нарко картелите киднапираа осум новинари во Мексико
Швајцарија да ја укине забраната за пристап на Гадафи
Амр Муса: Палестинците, во сегашните околности, нема да се согласат на индиректни преговори со Израел
Роберт Гејт побара помош од Саудиска Арабија за воведување нови санкции против Иран
Претставничкиот дом на САД отфрли предлог-резолуција во која се бараше повлекување на американските сили од Авганистан
Во Таџикистан осудени 56 исламисти на затворски и парични казни
Optic
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи