
|
 |
Вести / Свет
Со референдумот во Мјанмар одобрен нацрт-уставот
Јангон, 15 мај (МИА) - Мјанмар објави дека уставот е широко одобрен на референдум кој се одржа во неделата. Државното радио јави дека нацрт-уставот кој според аналитичари има за цел да ја зацврсти власта на армијата, бил поддржан од 92,4 отсто од вкупно 22 милиона жители.
Избирачката активност била над 99 отсто.
Во двата региона кои беа погодени од циклонот Наргис гласањето беше одложено за 24 мај.
Хунтата објави дека одобрувањето на уставот ќе биде проследено со парламентарни избори во 2010 година.
Со документот на армијата и се даваат 25 отсто од местата во парламентот и му дозволува на претседателот да ја даде целата власт на армијата во вонредни ситуации.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|