
|
 |
Вести / Свет
|
|
Најмалку 18 лица загинаа во бомбашки напад во Авганистан
Кабул, 15 мај (МИА) - Осумнаесет полицајци и цивили загинаа денеска во самоубиствен напад во западната авганистанска провинција Фарах, соопштија претставници на локалните власти.
Бомбашот-самоубиец го активирал експлозивот на фреквентен пазар во близина на полициска станица во реонот Дел Арам.
Се уште не е познато дали напаѓачот е маж или жена, бидејќи бил облечен во бурка - традиционална облека на авганистанските жени со која се покрива целото тело и главата.
Во нападот се уништени две полициски возила.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|