
|
 |
Вести / Свет
Далај Лама во петдневна посета на Германија
Франкфурт, 15 мај (МИА) - Далај Лама денеска пристигна во петневна посета на Германија каде имаше средба со премиерот на провинцијата Хесен, Роланд Кох.
За време на престојот Далај Лама ќе разговара со премиерот на провинцијата Северна Рајна Вестфалија и со претседателот на Бундестагот.
Тој ќе учествуива на конференција и ќе говори за човековите права и религиите во Нирнберг, Бамберг, Бохум и Мехенгладбах.
В понеделник ќе има средба со министерот за економска соработка и развој и ќе одржи говор пред Бранденбуршаката порта во Берлин.
Кина вчера упати протест поради планираните посети на Далај Лама со германски официјални лица. - Далај Лама не е обичен монах, туку политички прогонета личност кој се занимава со антикинеска и сепаратистичка дејност, се вели во соопштение на кинеската Амбасада во Берлин.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|