петок, 10.09.2010

  IDIVIDI Мени
Вести / Свет

Буш денеска ќе се обрати пред израелскиот Парламент

Тел Авив, 15 мај (МИА) - Американскиот претседател Џорџ Буш ја посети денеска, на вториот ден од посетата на Израел, тврдината Масада, која претставува симбол на еврејскиот отпор и подготвеност за жртвување, а подоцна денеска ќе се обрати пред Парламентот во Ерусалим.

Во првиот век од новата ера во оваа тврдина која се наоѓа на југот од земјата на виско плато во пустината Негев, од каде се гледа Мртвото Море, за време на еврејското востание против римската власт,  960 Евреи - мажи, жени и деца извршиле самоубиство за да не им се предадат на Римјаните.

Американскиот претседател Џорџ Буш вчера допатува  во тридневна посета на Израел по повод 60-годишнината од основањето на Еврејската држава во надеж дека ќе ги поттикне мировните преговори со Палестинците.

Пред доаѓањето Буш повтори дека би сакал договор за основање палестинска држава до крајот на својот мандат во јануари 2009 година.

Портпаролот на Белата куќа, Гордон Џондро, соопшти дека Буш во своето обраќање пред израелскиот Парламент (Кнесет) ќе повтори дека САД се најблизок сојузник и пријател на Израел и дека врските меѓу двете земји се нескршливи, како и дека ќе испрати остри критики на сметка на Иран, кој претставува најголем непријател на еврејската држава.

- Вашингтон го смета Израел за еден од своите партнери во борбата против екстремистите, вклучувајќи ги Хамас, Хезболах и Ал Каеда, наведе Џондро.

Независноста на Израел беше прогласена на 14 мај 1948 година, а ден подоцна еврејската држава беше нападната од соседните арапски земји. Во војната за израелската независност околу 700.000 Палестинци ги напуштија своите домови на денешната територија на Израел.



Фото експрес
Наjновo од Вести
Неизвесност околу палењето на Куранот
Во Охрид собир на млади од Југоисточна Европа – „Охридски процес“
Маневски во Загреб на конференција за ефектите од членството во ЕУ на правосудството
САД се соочени со заканата од внатрешен тероризам
Втора средба на кипарските лидери во рамките на интензивниот дијалог за обединување на островот
Вистински крај на војната на Балканот
Закана за шведскиот јазик во Финска
Најмалку 169 куќи изгореа во пожар во Колорадо
Палењето на Куранот би ја зајакнала Ал Каеда
Најмалку осуммина загинати во две експолозии на аеродромот во Могадишу
Две лица загинаа во терористички напад во Пакистан
По шест месеци заложништво ослободен британско-пакистанскиот новинар
Во Мексико убиен уште еден градоначалник
Силен земјотрес регистриран во Чиле
Десетмина загинати во терористички напад во Пакистан
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
 
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, сите права задржани : Македонски Телеком - 2004
преземи