
|
 |
Вести / Свет
Долниот дом на американскиот Конгрес отфрли предлог-закон за финасирање на воените операции во Ирак и Авганистан
Вашингтон, 16 мај (МИА) - Долниот дом на американскиот Конгрес неочекувано го отфрли предлог-законот со кој требаше да бидат одобрени 163 милијарди долари наменети за финасирање на воените операции во Ирак и Авганистан.
Претставничкиот дом предлог-законот го отфрли со 149 наспроти 141 гласа.
Се очекува следната седмица Сенатот да разгледа друг предлог-законот за финансирање на двете воени мисии.
Од друга страна Долниот дом го усвои предлог-законот со кој се предвидува повлекување на американските војници од Ирак до 2009 година.
Овој предлог-закон го поддржаа 227 пратеници, наспроти 196 кои гласаа против.
Согласно предлог-законот американските војници можат да престојуваат во Ирак не подолго од една година, по што треба да се вратат дома каде треба да престојуваат најмалку една година до следното заминување во воена мисија.
Аналитичарите коментираат дека најверојатно предлог-законот што беше изгласан во Претставничкиот дом ќе биде блокиран од републиканците во Сенатот.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|