четврток, 28.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Вести / Свет

Тројца загинати во предизборни судири во Доминиканската Република

Санто Доминго, 16 мај (МИА) - Три лица, меѓу кои и поранешен конгресмен, се убиени при судири меѓу приврзаници на ривалски партии на последниот ден од предизборната кампања за денешните претседателски избори во Доминиканската Република.

Полициски извори соопштија дека три лица загинале при судир меѓу приврзаници на власта и на опозицијата во местото Вила Васкас, на околу 200 километри северозападно од главниот град на оваа карипска држава, Санто Доминго.

Меѓу жртвите е 50-годишен поранешен член на Долниот дом на Конгресот, Франсиско Антонио Фернандес и неговиот телохранител.

Фернандес беше избран како пратеник на главната опозициска партија, Доминиканската револуционерна партија, но подоцна се приклучи кон владејачката центристичка Доминиканска партија на слободата на претседателот Леонел Фернандес, кој на денешените избори веројатно ќе добие и трет мандат.

По престрелката, полицијата уапси пет лица, меѓу кои е и поранешниот сенатор и локален лидер на Доминиканската револуционерна партија, Бернардо Алеман.

Главен ривал на Леонел Фернандес на претседателските избори е бизнисменот Мигел Варгас, кој е кандидат на Доминиканската револуционерна партија.


Наjновo од Вести
Школски авион се урнал во близина на Охрид
Првични резултати за пријавени кандидати на државните универзитети во првиот уписен рок
Во Прилеп ќе се одржи манифестацијата „Летен културен бран“
Прилеп ја почнува кампањата за собирање и рециклирање пластична амбалажа
Груевски: Изградбата на северната трибина на Градскиот стадион според планираното
Уапсени двајца прилепчани осомничени за тешки кражби во Скопје
Нафтата поскапе поради заканата од ураганот Густав во Мексиканскиот залив
Дваесет мртви и 13 повредени во сообраќајна несреќа во Уганда
Евакуирани повеќе од два милиони луѓе поради поплави во Индија
Над 30 талибанци се убиени во серија напади во Авганистан
Талабани: Војските на САД ќе останат во Ирак до 2011 година
Ослободени сите патници од киднапираниот судански авион
САД со признавањето на Косово ги загрозија односите со Русија, смета американски аналитичар
Киднаперите ќе ги ослободат жените и децата од суданскиот авион
Киднаперите на суданскиот авион одбиваат да преговараат
Седум лица загинаа во експлозија на хотел во Пакистан
Infected Mushroom
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи