
|
 |
Вести / Свет
Ирак има потреба од 400 милијарди долари за да ја обнови економијата
Каиро, 16 мај (МИА) - На Ирак му се потребни инвестиции во висина од 400 милијарди долари, за да ја обнови сопствената економија, изјави ирачкиот министер за финансии, Бакир Џабор Зубајди, на конференција во Каиро.
Зубајди на Конференцијата посветена на развојот на бизнисот и инвестициите во Ирак ги повика бизнис заедниците од арапските држави да инвестираат во земјата.
Министерот за финансии нагласи дека ирачката економија е способна да генерира голем број на проекти.
Тој наведе дека во моментот во Ирак е потребно да бидат изградени над три милиони станови.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|