
|
 |
Вести / Свет
|
|
Советот за безбедност на ОН планира да испрати мировна мисија во Сомалија
Њујорк, 16 мај (МИА) - Советот за безбедност на ОН едногласно одобри резолуција со која се повикува на политичко присуство на светската организација во Сомалија првпат по повеќе години и создавање услови за распоредување на мировната мисија во земјата.
Советот за безбедност ќе разгледа распоредување мировна мисија во „соодветно време“ која што ќе ги замени војниците од Африканската унија. Мисијата треба да даде поттик на процесот на политичко помирување и да ја подобри безбедноста.
Се претпоставува дека постигнувањето на тие цели ќе биде тешко во земја, која нема ефикасна централна влада, откако диктаторот Мохамед Сиад Баре беше симнат од власт во 1991 година.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|