петок, 04.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Вести / Свет

Раст на цената на нафтата на светските берзи

Сингапур, 16 мај (МИА) - Нафтата поскапе денеска на азиските берзи, како резултат на намалувањето на глобалните залихи на енергенсот и шпекулативните тргувања на дилерите.

Американската лесна нафта за испорака во јуни поскапе за 93 центи на 125,05 долари за барел, што е речиси за два долари пониска цена од рекордните 126,98 долари за барел остварена во вториникот.

Цената на европскиот брент од Северното Море за достава во јули се зголеми за 62 центи на 123,25 долари за барел. Синоќа на затворањето на Берзата во Лондон, оваа нафта, но за јунска испорака, се продаваше за 122,77 долари за барел.

Според енергетскиот аналитичар на консултатската агенција „Парвин и Герц“, Виктор Шум, продлжува тенденцијата на раст на цените на нафтата, во услови на оскудност на глобалниот нафтен пазар.

- Побарувачката на нафта покажува тенденции на намаување, но нема информации дали тоа значи дека нафтените резерви се зголемиле, наведува Шум, додавајќи дека Организацијата на државите извознички на нафта (ОПЕК) и натаму одбива да го зголеми своето дневно производство на енергенсот.

Според него, нафтениот пазар е под влијание и на шпекулативните тргувања од страна на дилерите, кои купуваат нафта кога нејзината цена ќе се намали.

- Инвеститеорите се ориентираат кон нафтата, бидејќи тргувањето со неа е поисплатливо откоклку купувањето на валути или обврзници... Тие парите ги насочуваат таму каде што има можност за поголема заработка, а нафтата нуди подобар профит, смета Шум.

Според него, на денешниот раст на цената на нафтата влијание има и вчерашната експлозија на еден нафтовод во Нигерија, при што загинаа околу сто лица.

Шум смета дека на пазарот постои тенденција за одржување на цената на нафтата над 120 долари за барел, но темдемција да не се дозволи нејзино зголемување над 130 долари.

- Во следниот период (нафтата) ќе се продава во рамките меѓу 120 и 130 долари, оценува Шум.

ОПЕК, која обезбедува 40 отсто од светските нафтени потреби, и натаму одбива да го зголеми дневното производство на нафта со образложение дека високите цени не се последица на недостиг на енергенсот на пазарот, туку на успорениот економски раст во  индустриските земји, пред се во САД.

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) процени дека во следните месеци ќе претстои намалување на дневната побарувачка на нафта за 390.000 барели на 86,8 милиони барели.

Од почетокот на годината, кога нафтата чинеше околу 100 долари за барел, нејзината цена е зголемена за над 25 отсто. Некои аналитичари проценуваат дека во следните месеци нафтата би можела да поскапи и до 200 долари за барел.


Наjновo од Вести
Поранешните први луѓе на ФК „Црвена ѕвезда“ ослободени од притвор
На Кокино пронајдени предмети од бронза
Иницијатива за основање Музеј на еврејската заедница во Битола
Прва средба на експертски делегации од министерствата животна средина на Македонија и на Турција
Швајцарско радио тврди дека колумбиските бунтовници добиле 20 милиони долари за да ја ослободат Ингрид Бетанкур
Прилепчанец пронајден мртов на терасата од неговиот стан
Честитка од Еленовски до Гејтс по повод Денот на независноста на САД
Али Џафари: Иран ќе одговори на сите напади
ФАО: Скапата храна го зголеми бројот на гладните во светот за 50 милиони
Израел и Сирија преговараат за Голанската висорамнина, тврди израелското воено радио
Осуммина припадници на полициските сили загинаа во Авганистан
Во САД продолжува паниката поради салмонела во доматите
Умерен земјотрес во североисточниот дел на Иран
Во понеделник прва средба Буш-Медведев
САД демантираат дека потикнуваат протести на опозицијата на Куба
Најмалку 38 луѓе настрадаа при потонување на ферибот во Мјанмар
Во системот на Стејт департментот за заштита на личните податоци откриени сериозни пропусти
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи