
|
 |
Вести / Свет
Осуммина уапсени во Кина заради лажни СМС пораки за помош заради земјотресот
Шангај, 16 мај (МИА) - Кинеската полиција уапси осум лица од група која испраќала лажни пораки на телефони во кои барале пари за лица погодени од земјотресот во Југозападна Кина.
Полицијата во Шангај соопшти дека примила поплаки од граѓани кои добивале СМС пораки на мобилните телефони во кои се барале донации по земјотресот што во понеделникот ја погоди провинцијата Сечуан.
„Тато и мамо, во земјотресот ги загубив парите! Ве молам испратете ми пари на картичка на мој пријател, се вели во една од пораките објавена денеска во Шангај Морнинг Пост.
Во пораката бил даден и број на сметката.
Полицијата спровела акција во текот на вчерашниот ден кога биле уапсени лицата кои лажно праќале пораки.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|