
|
 |
Вести / Свет
Затоплување на односите со Кина, но не и обединување, смета новиот претседате на Тајван
Тајпеј, 16 мај (МИА) - Новоизбраниот тајвански претседател, Ма Jинг-џеу, изјави дека обединувањето со Кина е малку веројатно да се случи „за време на нашиот живот“, бидејќи Тајванците се спротиставуваат на кинеското авторитарно владеење.
Изјавата на Ма доаѓа само неколку дена по неговото стапување на должноста.
Во предизборната кампања тој вети дека ќе ги подобри врските со Кина, откако изминатите неколку години односите меѓу Пекинг и Тајпеј беа затегнати, но нагласи дека нема да се залага за преговори за обединување.
- За нас е многу тешко да си претставиме дека во текот на нашиот живот можеме да водиме преговори за обединување, нагласи тајванскиот претседател.
- Тајванскиот народ би сакал да има економска соработка со Кина, но очигледно е дека не верува оти кинескиот политички систем е соодветен за Тајван, нагласи тој.
Новоизбраниот тајвански претседател изрази увереност дека кинеските лидери ја разбираат неговата позиција, но признава дека Пекинг внимателно ги набљудува неговите активности, особено откако за време на осумгодишното владеење на неговиот претходник Чен Шуи-бјан имаше повеќе конфронтации меѓуТајпеј и Пекинг.
Аналитичарите наведуваат дека Ма Јинг-џеу сака да ја врати довербата на САД, кои се најголем сојузник на Тајван, што пак беше поткопана од Чен Шуи-бјан.
Вашингтон често ја критикуваше политиката на претходниот претседател потенцирајќи дека таа може да предизвика воен конфликт со Кина.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|