недела, 05.07.2009

  IDIVIDI Мени
download
Вести / Свет

Русија, Кина, Индија и Бразил за зајакнување на ОН во светскиот поредок

Москва, 16 мај (МИА) - Современиот светски поредок треба да биде заснован на владеење на меѓународното право и зајакнување на мултилатералните принципи, а централната улога во таа смисла треба да ја имаат Обединетите нации, сметаат Бразил, Русија, Индија и Кина, земјите-членки на неформалната група БРИК.

По денешниот состанок во уралскиот град Екатеринбург, министрите за надворешни работи на Бразил, Русија, Индија и Кина, Селсу Аморим, Сергеј Лавров, Пранаб Микерџи и Јанг Џечи издадоа заедничко соопштение во кое е истакната заложбата за подемократски меѓународен систем, кој се заснова на владеењето на правото и мултилатерална дипломатија, заради спротивставување на заедничките предизвици на меѓународната безбедност.

- Беше потврдена поддршката на политичко-дипломатските напори за мирно решавање на спорови во меѓународните односи. Меѓународната безбедност бара пристап заснован на соработката, кој ја почитува загриженоста на сите и проблемите ги решава со дијалог, се наведува во коминикето.

Министрите на БРИК укажаа дека тероризмот е една од најголемите закани за меѓународниот мир и безбедност.

Тие потенцираа дека се неопходни сеопфатни реформи на ОН со цел зголемување на ефикасноста на светската организација при справување со современите предизвици.

Русија и Кина, постојани членки на Советот за безбедност на ОН, ја поддржуваат тенденцијата на Индија и Бразил да играат поголема улога во ОН.

На министерскиот состанок на БРИК е укажано дека стабилниот развој на светското стопанство на долг рок, како и решавањето проблемите, како што се сиромаштијата, гладта и болестите, се можни само со почитување на интересите на сите земји во рамки на поправеден глобален економски систем.

Следниот состанок во овој формат ќе биде одржан на маргините на 63. седница на Генералното собрание на ОН во септември во Њујорк, а следниот „самостоен“ министерски состанок ќе се одржи во Индија идната година.

Лавров истакна дека средбата во Екатеринбург е трета по ред, но за прв пат се спроведени консултации без „поврзување“ за некој меѓународен форум. Говорејќи за важноста на БРИК Лавров нагласи дека во овие четири земји живее повеќе од половина од светското население.


Наjновo од Вести
С. Кореја истрела пет ракети најверојатно со мал дострел
Воената хунта не дозволува средба на Бан Ки Мун со Сан Су Ќи
„Свинскиот грип сега е незапирлив“
Јадранка Косор доби мандат за премиер на Хрватска
Им плаќаат на емигрантите да си одат дома
Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Демир Хисар
Актерот Жарко Лаушевиќ уапсен во САД
Земјотрес го погоди северозападното крајбрежје на Мексико
Ќе им се суди на вработени во британската Амбасада
Петнаесет лица загинаа во ракетен напад во Пакистан
Обама: САД се стремат да ги градат односите со Русија врз основа на еднаквост
„Фајненшл Тајмс“: Американската офанзива во Авганистан ризична и крвава операција
Башар ал Асад го покани Барак Обама да ја посети Сирија
Лидерите на африканските земји го означија почетокот на процесот за создавање континентална федерација
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи