петок, 03.09.2010

  IDIVIDI Мени
Вести / Свет

Вториот круг од претседателските избори во Зимбабве закажан за 27 јуни

Хараре, 10 мај (МИА) - Вториот круг од претседателските избори во Зимбабве ќе се одржи на 27 јуни, соопшти денеска централната Изборна комисија.

- Со ова потврдуваме дека Изборната кимисија на Зимбабве... со одобрение на министерот за правда и правни и парламентарни работи, соопштува: гласањето за избор на личноста што ќе ја извршува должноста претседател ќе се одржи во петок на 27 јуни 2008 година, се наведува во соопштението на Комисијата објавено во службениот весник на земјата.

Првиот круг од претсдеателските избори во Зимбабве се одржа на 29 март, но Комисијата ги објави официјалните резултати од гласањето дури на 2 мај. Според официјалните резултати, лидерот на Движењето за демократски промени (МДЦ) и опозициски претседателски кандидат Морган Цвангираи освоил 47,9 отсто од гласовите, а актуелниот преседател Роберт Мугабе 43,2 проценти.

Опозицијата тврдеше дека Цвангираи уште во првиот круг на изборите освоил над 50 отсто од гласовите, што е доволно да биде избран за претседател и дека нема потреба од втор изборен круг. Опозициските претставници ја обвинија власта дека ги фалсификувала резултатите, поради што и се одолговлекувало со нивното објавување и најавуваа бојкот на евентуалниот втор круг.

Сепак, Цвангираи во саботата објави дека решил да учествува во вториот круг, бидејќи доколку се откаже, како што рече, неговите избирачи би се почувуствувале предадени.

- Ние во МДЦ сметаме дека нашите луѓе би се почувствувале предадени, ако се повлечеме од конечната победа. Јас сум подготвен и народот е подготвен за завршната рунда, порача Цвангираи.

Западните медиуми од Зимбабве јавија дека во изминативе недели по изборите приврзаници на Мугабе од нивните домови во руралните региони протерале околу 40.000 лица - поддржувачи на опозицијата, со цел да ги спречат да гласаат во вториот круг. Во насилствата што избија по изборите беа убиени најмалку 25 опозициски приврзаници.

На парламентарните избори, што исто така се одржаа на 29 март, прв пат од стекнувањето независност на земјата во 1980 година, владејачката Авриканска национална унија на Зимбабве - Патриотски фронт (ЗАНУ-ПФ) го загуби мнозинството во Парламентот.



Фото експрес
Наjновo од Вести
Најмалку едно лице загина во самоубиствен напад во Таџакистан
Премиера на „Црвената магија“ во Струмичкиот театар
„Гардијан“: Притисок на ЕУ врз Белград да почне разговори со косовските власти
Најмалку пет луѓе загинаа во новите шумски пожари што ја зафатија Јужна Русија
Во Делчево почнува манифестацијата „Пијанечко - малешевска свадба“
При напад на ФАРК загинаа 14 полицајци
Јапонија наложи дополнителни санкции против Иран
Ураганот Ерл се наближува до Северна Каролина
Мексиканската армија уби најмалку 25 членови на наркокартел
Изгаснат пожарот на нафтената платформа во Мексиканскиот Залив
Абас го предупредил Нетанјаху дека нема нови преговори ако Израел ја обнови изградбата на еврејски населби на Западниот Брег
Дел од палестинските исламистички групи заеднички ќе дејствуваат против Израел
Абас и Нетанјаху одржаа директни мировни преговори
Клинтон и Мичел ќе учествуваат во вториот круг израелско-палестински преговори
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
 
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, сите права задржани : Македонски Телеком - 2004
преземи