петок, 03.09.2010

  IDIVIDI Мени
Вести / Свет

Црвен крст- Најмалку 128.000 загинати во циклонот во Мјанмар

Јангон, 16 мај (МИА) - Бројот на загинатите во налетот на циклонот Наргис во Мјанмар се искачи на 43.318 соопшти државното радио, додека Црвениот крст проценува оти цифрата може да биде 128.000.

Според официјалните податоци како исчезнати се водат 27.838 луѓе, а бројот на повредени е 1.403. Наргис погоди пет области и држави - Ајејавади, јангон, Баго, Мон и Каин на 2 и 3 мај.

Речиси две недели по циклонот преживеаните немаат вода за пиење и ориз јави Би-Би-Си.

Иако воените власти во Мјанмар вложија импресивен напор на средување на Јангон, се уште нема никакви показатели дека помошта пристигнува во подрачјето на делтата, јави дописничката на Би-Би-Си.

Премиерот Теин Сеин изјави дека фазата на давање помош е завршена и почнува фазата на обнова.

Потсекретарот на ОН задолжен за помош во вонредни ситуации Џон Холмс изјави дека ситуацијата е „многу фрустирачка“. Тој ги повика властите во Мјанмар не само да дозволат влез за странски хуманитарни работници во државата туку и да прифатат меѓународна понуда во вид на хеликоптери и чамци со кои би се пренела неопходната помош во тешко достапните подрачја.

Би-Би-Си наведува дека многу хуманитарни работници чекаат визи, а на оние што им е одобрена виза таа се однесува на дејствување само во Јангон.

Црвениот крст денеска побара 50,8 милиони долари за помош на околу 500.000 загрозени во зоната на делтата за обезбедување вода и засолништа во следните три години.



Фото експрес
Наjновo од Вести
Најмалку едно лице загина во самоубиствен напад во Таџакистан
Премиера на „Црвената магија“ во Струмичкиот театар
„Гардијан“: Притисок на ЕУ врз Белград да почне разговори со косовските власти
Најмалку пет луѓе загинаа во новите шумски пожари што ја зафатија Јужна Русија
Во Делчево почнува манифестацијата „Пијанечко - малешевска свадба“
При напад на ФАРК загинаа 14 полицајци
Јапонија наложи дополнителни санкции против Иран
Ураганот Ерл се наближува до Северна Каролина
Мексиканската армија уби најмалку 25 членови на наркокартел
Изгаснат пожарот на нафтената платформа во Мексиканскиот Залив
Абас го предупредил Нетанјаху дека нема нови преговори ако Израел ја обнови изградбата на еврејски населби на Западниот Брег
Дел од палестинските исламистички групи заеднички ќе дејствуваат против Израел
Абас и Нетанјаху одржаа директни мировни преговори
Клинтон и Мичел ќе учествуваат во вториот круг израелско-палестински преговори
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
 
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, сите права задржани : Македонски Телеком - 2004
преземи