
|
 |
Вести / Свет
Властите во Мјанмар не му дозволија на еврокомесарот за развој да ги посети реоните погодени од циклонот Наргис
Јангон, 16 мај (МИА) - Европскиот комесар за развој и хуманитарна помош, Луј Мишел, кој се наоѓа во посета на Мјанмар, изјави дека од властите не добил дозвола да ги посети реоните што се најпогодени од циклонот Наргис и нагласи дека нема напредок во укажувањето на помош на настраданите.
- Побарав да ја посетам делтата на реката Иравади, но вчера не ми дозволија да отидам. Се уште се надевам дека денеска ќе добијам таква дозвола, изјави Мишел само неколку часа пред завршувањето на неговата дводневна посета на Јангон.
Луј Мишел е во посета на Мјанмар со цел да ја разубеди воената хунта да дозволи странските хуманитарни организации да помогнат во укажувањето помош за околу два милиони настрадани од циклонот Наргис.
Тој наведе дека добил уверување од властите во Мјанмар оти ќе го разгледаат барањето за издавање на дополнителни визи за странските експерти.
- Доколку за неколку дена не добијам конкретен одговор, ќе го изнесам став за сите овие прашања, но засега тоа не можам да го направам, наведе Мишел.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|