
|
 |
Вести / Свет
Спасувачките екипи во Кина извлекоа четири лица од под урнатините, од кои едно дете
Пекинг, 16 мај (МИА) - Спасувачките екипи во Кина денеска извлекоа четири лица, меѓу кои и едно дете, од под урнатините, неколку дена по катастрофалниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, јави кинеска новинска агенција Синхуа.
Детето било пронајдено под урнатините на едно училиште во градот Беичуан.
Спасувачките екипи соопштија дека од под урнатините може да се чујат повикувања за помош на уште преживеани лица.
Премиерот Ван Џијабао изјави дека секаде каде шти има малку надеж, нема да биде поштеден напор за спасување на оние што се под урнатините.
Кинескиот претседател Ху Џинтао, кој денеска ја посети областа погодена од земјотресот, истакна дека спасувачката акција влегла во клучната фаза.
Се стравува дека цифрата на загинатите во земјотрес, што во понеделникот ја погоди југозападната провинција Сечуан е 50.000 луѓе. Досега е потврдена бројка од 20.000 загинати и илјадници се водат како исчезнати.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|