
|
 |
Вести / Свет
Американски маринец осуден на четири години затвор за силување на јапонска тинејџерка
Токио, 16 мај (МИА) - Американски маринец, обвинет за силување на 14-годишна Јапонка, беше осуден за полесни обвинувања и од воениот суд доби затворска казна од четири години, што предизвика незадоволство кај јапонската јавност насочено против американското воено присуство на остров Оконава.
Триесет и осумгодишниот водник Тајрон Хаднот е осуден за блуд, но обвинувањата за силување на дете под 16-годишна возраст, давање на лажни изјави, разврат и за киднапирање преку измама беа отфрлени.
Хаднот прво беше уапсен од јапонската полиција, но беше ослободен откако девојчето ги повлече обвинувањата.
Во Јапонија се стационирани околу 50.000 американски војници, а речиси половината од нив се наоѓаат на малиот и густонаселен остров Окинава.
Случајот со Хаднот, како и серија на други обвинувања против американски војници, предизвикаа јавно незадоволство за американското воено присуство на островот Окинава.
Поради тоа американската команда наложи строги ограничувања за движење на војниците и проверка на програмите и правилата за спречување на сексуално насилство.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|