петок, 21.11.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Вести / Свет

„Дејли телеграф“: Убиецот со булдожер од Ерусалим бил растроен поради разделбата со една еврејка

Лондон, 3 јули (МИА) - Убиецот со булдожер од Ерусалим, кој при вчерашниот напад врз еден градски автобус уби три лица и повреди уште 40 други, бил психички растроен човек, поради насилно прекинатата љубовна врска со една млада еврејка, тврди „Дејли телеграф“, повикувајќи се на изјавите што за весникот ги дале неговите роднини.

Како што јави дописникот на МИА од Лондон, Хусам Дваит (30), Палестинец од источен Ерусалим, вработен како булдожерист во една израелска градежна компанија, по нападот беше убиен од еден полицаец кој во тој момент не бил на должност и од еден војник, кои во тој момент се затекнале на местото на нападот.

Роднините на Дваит велат дека се шокирани од настанот и од постапката, но тврдат дека зад тоа нема никакви политиќки мотви. - Хусам не беше припадник ниту на Хамас, ниту на било која друга партија или политичка група, изјави за „Дејли телеграф“ еден негов близок роднина.

Тој открива дека иако Дваит бил женет и имал две деца, живеел со една млада еврејка, доселеничка од Русија, се додека една ноќ таа не била грабната од припадници на една радикална еврејска групација и одведена назад кај нејзиното семејство. Потоа разочараниот и повреден Палестинец бил уапсен и осуден на една година затвор поради земање дрога. Сите негови роднини за кои весникот вели дека живеат во близина на местото каде се случи нападот на автобусот, работат во израелски компании.

Полицијата во Ерусалим која го истражува трагичниот инцидент, потврди дека Хусам Дваит „по се изгледа делувал сам“.

Милитантната организација Хамас претходно соопшти дека „нападот“ е одговор на Палестинците на насилството што во Појасот Газа ја врши израелската армија, иако призна дека таа нема ништо со она што се случи во Ерусалим.


Наjновo од Вести
Тетовската полиција откри четиричлена група поврзана со серија провални кражби
Европарламентот ја поддржа сината карта за висококвалификувани имигранти во ЕУ
Самит за развој на човечки ресурси
ЗЕЛС и УНДП во промотивна кампања на Етичкиот кодекс за локалните функционери
ЕП со критики за предлогот за користење на податоците на патниците
Барозо не го коментира пакетот од 130 милијарди евра економска помош за ЕУ
Обезбедени нови дополнителни 500 универзални дозволи за вршење транспорт во Австрија
Хаос во ирачкиот Парламент на седница на која се разгледува спогодбата за безбедност со САД
Напад врз силите на НАТО во источен Авганистан, се уште нема официјални информации за бројот на загинатите
Шефер: НАТО само преку обука на војници може да ја подобри безбедноста во Африка и нејзиното крајбрежје
Светската банка побара помош за земјите во развој
Претставници на арапските земји од регионот на Црвеното Море на вонредна средба за поратството
„Ролс-ројс“ отпушта до 2.000 работници наредната година
Нов пад на цената на нафтата поради стравување од рецесија
Пентагон смета дека употребата на сила не е соодветен одговор против пиратите крај бреговите на Сомалија
Ликуд води во истражувањата пред парламентарните избори во Израел
ФАО најавува светски самит за храната во 2009 година
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Астрономија
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи