понеделник, 08.09.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Вести / Свет

САД ќе го продолжат престојот на 2.200 маринци во Авганистан

Вашингтон, 4 јули (МИА) - Соединетите Американски Држави ќе го продолжат за еден месец, до ноември, присуството на 2.200 маринци во Авганистан, соопштија американски воени извори.

Мисијата на војниците е продолжена по барање на Меѓународните сили за поддршка на безбедноста во Авганистан под команда на НАТО (ИСАФ), а решението е донесено оваа недела од американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс.

Американските маринци во моментот се распоредени во немирната јужна авганистанска провинција Хелманд. Првично 24-от експедиционен корпус било предвидено да се врати во САД во октомври.

Американските медиуми објавија по повод продолжувањето на мисијата дека воените команданти на САД повеќепати нагласувале на потребата од зголемување на бројот на американскиот контингент во Авганистан. Во моментов 18 илјади американски војници учествуваат во подготовката на авганистанската армија и трагаат по борците на Ал Каеда, а други 14 илјади се во составот на 47-илјадните сили на ИСАФ.

Соочени со зголемената активност на бунтовниците, американските команданти сметаат дека е неоходно да се испратат уште најмалку 7.500 војници. Американскиот претседател Џорџ Буш планира до крајот на годинава да одреди кои воени единици можат да бидат испратени во Авганистан на почетокот на 2009 година.


Наjновo од Вести
Британските синдикати го обвинија Гордон Браун за предавство на лабуристичките симпатизери
СКМ го поддржува барањето пивото да не се третира какo алкохол
Цената на нафтата се намали во очекување на состанокот на ОПЕК
Дик Чејни ги поддржа амбициите на Украина за влез во НАТО
Врачени почесните признанија за хуманост „Мајка Тереза“
Тропската бура Хана се движи кон југоисточниот брег на САД, а по неа доаѓа ураганот Ајк
Нафтени компании го потткопуваат енергетскиот договор на Србија со„ Газпром“, тврди српски опозициски политичар
Најмалку 12 жртви на ураганот Густав во Лујзијана
Ал Каеда го откри идентитетот на напаѓачот на данската амбасада во Исламабад
Иран ги отфрли тврдењата на Саркози дека има нуклеарно оружје
УНИЦЕФ: Во Етиопија 4,6 милиони луѓе може да ги загубат животите поради глад
Полицијата уапси над 200 демонстранти за време на говорот на Мекејн во Минесота
ЕУ набљудувачите во Ангола сметаат дека организацијата на парламентарните избори е „катастрофална“
Таро Асо официјално објави дека ќе се кандидира за претседател на владејачката ЛДП
Петмина исламисти загинаа при американски напад на територијата на Пакистан
Infected Mushroom
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи