
|
 |
Вести / Свет
|
|
Прва дирекна авионска линија меѓу Кина и Тајван по речиси 60 години
Тајпеј, 4 јули (МИА) - Во тајванскиот главен град Тајпеј денеска пристигна авион на кинеската авиокомпанија „Саутерн лајна ерлајнс“, со што е воспоставен прв директен лет меѓу Кина и Тајван по 1949 година.
Со авионот Ербас А330 од кинескиот град Гуангжу (поранешен Кантон) на тајпејскиот меѓународен аеродром пристигнаа 258 патници и членови на екипажот.
Овој прв лет меѓу Кина и Тајван по речиси 60 години е реализиран врз основа на договорот постигнат меѓу Пекинг и Тајпеј на 13 минатиот месец, со кој се овозможува кинески туристи, по околу 3.000 дневно, да можат да го посетуваат островот со т.н. викенд авиолетови.
Согласно договорот, од 18 јули секој петок шест кинески и пет тајвански авиокомапнии ќе реализираат 18 чартер летови на релација Кина-Тајван.
По првиот лет Гуангжу-Тајпеј, со кој во Тајван пристигна и кинескиот минитер за туризам Шао Чивеј, на островот слетаа уште четири авиони од Пекинг, Шангај, Нанџинг и Сјанмен, а во кинескиот град Тајчунг пристигна тајвански авион со 191 патници и членови на екипажот.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|