Ехуд Олмер: Наскоро ќе бидат неопходни дирекни израелско-сириски преговори
Ерусалим, 4 јули (МИА) - Во најскоро време ќе биде неопходно отпочнување на дирекни разговори меѓу Израел и Сирија, изјави синоќа израелскиот премиер Ехуд Олмерт, по завршувањето на третата рунда индирекни преговори меѓу Ерусалим и Дамаск, што се водат со посредништво на Турција.
- Со Сиријците разговараме многу сериозно и според мое мислење овие преговри наскоро ќе треба да станат дирекни... Во иднина тие нема да можат да продолжат на начинот на кој сега се водат, нагласи Олмерт.
Според него, проблемите кои постојат меѓу Израел и Сирија „не се толку сложени, колку што изгледаат“.
- Евентуалниот мировен договор со Сирија ќе има стартешко значење како за Израел , така и за целиот регион, потенцира Олмерт.
Претставник на Владата на Турција, која посредува во израелско-сириските преговори, соопшти дека двете страни се договориле за одржување четврта рунда индирекни преговори кон крајот на јули.
- За време на таа средба двете страни ќе решат дали ќе преминат на дирекни преговори во текот на август, изјави турскиот владин претставник.
|