
|
 |
Вести / Свет
Во системот на Стејт департментот за заштита на личните податоци откриени сериозни пропусти
Вашингтон, 4 јули (МИА) - Внатрешната владина истрага утврди дека во системот на Стејт департментот за заштита на лични податоци има сериозни пропусти.
Истрагата започна откако во март службеници на Стејт департментот незаконски ги отвориле досиејата со лични податоци на кандидатите за претседатели на САД Џон Меккејн, Барак Обама и Хилари Клинтон.
Откриени се голем број слабости, вклучувајќи го недостатокот на процедури, упатства и обуки во врска со превентивноста и откривањето на незаконски пристап до лични податоци и последиците во случај на докажано нарушување, се наведува во извештајот на истражниот орган.
Според извештајот, проверката на 150 личности, меѓу кои политичари, научници и професионални спортисти, покажала дека податоците на 127 од нив, или 85 отсто, биле разгледувани 4.148 пати.
Со документот се направени 22 препораки за зајакнување на мерките во системот, од кои 19 се прифатени од Стејт департментот, една е делумно прифатена, а две се отфрлени.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|