
|
 |
Вести / Свет
Осуммина припадници на полициските сили загинаа во Авганистан
Кабул, 4 јули (МИА) - Осум полицајци загинаа, еден е повреден, додека двајца се водат за исчезнати во вчерашниот напад на полициски пункт во јужниот дел на Авганистан.
Нападот се случил во областа Панџваи во Кандахар, кога непознати вооружени мажи прво фрлиле граната, а потоа отвориле оган врз пунктот.
- Не се знае дали двајцата полицајци се киднапирани од талибанците или се случило некакво несогласување меѓу самите полицајци па меѓусебно се застрелале, изјави шефот на локалната полиција Мутихулах Кан.
Областа Панџваи е талибанско упориште, но се уште не се знае дали тие се одговорни за нападот.
Минатиот месец тлибанците убија една жена полицаец во западниот авганистански град Херату.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|