
|
 |
Вести / Свет
Во САД продолжува паниката поради салмонела во доматите
4 јули
(МАОХ – Македонска Асоцијација за Органска Храна - Скопје)
Од средината на април до 15-ти јуни во 36 сојузни држави на САД, вклучувајќи го и Федералниот Округ Вашингтон, се регистрирани 869 случаи на заболени од салмонела пренесена преку консумација на домати. До сега, иако се направени над 1.600 лабараториски испитувања, не е откриено од кое подрачје доаѓаат доматите кои предизвикуваат заболување.
Контаминацијата на доматите со опасната бактерија може да настанала на плантажите, но големи се можностите салмонелата да се вселила во доматите за време на транспортот или во дистрибутивните центри.
Бидејки од мај наваму поради паниката меѓу потрошувачите, американските трговци мораа во ѓубре да фрлат огромни количества созреани домати, производителите и продавачите на домати во САД трпат големи загуби. Трошка надеж за нив дека, можеби, доматите не се виновникот за заболувањата од салмонела внесе одлуката на Сојузната администрација за храна и лекови, која кон крајот на јули одучи да се испита – дали евентуално предизвикувач на салмонелата може да биде некој друг зеленчук што се јадел со доматите. Во тек се испитувања во семејствата на заболените и во нивната околина со кои треба да се открие дали заболените во различни региони, покрај домати, јаделе ист зеленчук. Ќе се испитува и тоа дали здравите членови во семејствата на заболените во време на инкубацијата на нивните блиски јаделе домати.
Основна причина за сомневањата и во некој друг зеленчук е податокот дека во првите две недели на месец јуни од салмонела заболеле 179 Американци. Сомнежот кон доматите во тој период веќе предизвика паника меѓу потрошувачите. Но, како што соопштуваат здравствените власти, основниот осомничен – доматот и натаму останува заведен под број еден.
Прикаската за доматите предизвикувачи на салмонела е актуелна во сите медиуми во САД. Угледниот „Лос Анџелес Тајмс“ советува да се почитуваат инструкциите на здравствените власти кои апелираат да не се јадат домати транспортирани од поодалечени краишта и да се избегнува купување домати на кои нема шишка и барем неколку зелени листови од доматната лоза. Весникот оценува дека откривањето дека доматите се најверојатните носители на бактеријата салмонела драстично ќе ги намали приходите на произведувачите и трговците. Не само годинава, се додава, туку и во наредните години, освен ако научниците не пронајдат цврст доказ дека доматите и салмонелата не се поврзани.
Според статистиките, во САД доматите се на четврто место на листата на најупотребувани прехранбени артикли. Ако епилогот на прикаската за доматна салмонела покаже дека вкусните црвени плодови можат да пренесат салмонела, доматите сигурно нема да бидат толку присутни на трпезите. Во Европа до сега не е регистрирана појава на салмонела поврзана со јадење домати, но ако мечката заиграла во комшискиот двор, очекувајте ја и во вашиот.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|