
|
 |
Вести / Свет
|
|
Али Џафари: Иран ќе одговори на сите напади
Техеран, 4 јули (МИА) - Командантот на Исламската револуционерна гарда Мохамед Али Џафари предупреди дека Иран ќе одговори на било каков напад, што ќе ги натера агресорите да зажалат поради своите потези, јави денеска иранската сателитска станица „Прес“.
-Каков било потег против Иран ќе се протолкува како увод во војна, изјави Џафари.
Како што пренесе кинеската агенција Ксинхуа Џафари исклучи било каква можност за планиран напад на иранските непријатели врз Иран, нагласувајќи дека е во прашање резултатот на очај на САД и Израел, бидејќи „заглавија“ во Авганистан и Ирак.
САД и неговите сојузници го обвинуваат Иран дека се обидува да направи атомска бомба, додека владата во Техеран тврди дека обогатува ураниум исклучиво во мирновремени цели.
Администрацијата на американскиот претседател Џорџ Буш соопшти дека дипломатијата е примарна во обидот за решавање на „иранскиот проблем“, но нагласува дека сите опиции се во оптек.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|