
|
 |
Вести / Свет
ФАО: Скапата храна го зголеми бројот на гладните во светот за 50 милиони
Брисел, 4 јули (МИА) - Како последица на глобалниот раст на цените на храната, бројот на лицата кои се соочуваат со глад во споредба со минатата година е зголемен за 50 милиони, предупреди денеска директорот на Организацијата на Обединетите нации за храна и земјоделство (ФАО), Жак Диуф.
Во обраќањето пред членовите на Европскиот парламент во Брисел, Диуф нагласи дека сиромашните земји се сериозно погодени од постојаниот раст на цените на храната и енергијата.
Директорот на ФАО наведе дека глобалните резерви на житни култури се намалите на 400 милиони тони, што претставува нивно најниско ниво за последните 30 години.
Светското производство на храна би морало двојно да се зголими во 2050 година, особено во земјите во развој, во кој ќе живеат 95 проценти од вкупното население на земјата, смета Диуф.
Тој оценува дека главен предизвик за светот претставуваат климатските промени кои сериозно ги загрозуваат земјоделските култури.
- Доколку просечните температури се зголемат за над три степени приносите на главните земјоделски кутлури во делови на Африка, Азија и Јужна Америка би можеле да се намалат за 20 до 40 отсто, предупреди Диуф.
Според него, за справување со гладта во светот годишно ќе биде потребно да се издвојуваат околу 24 милијарди долари.
Експертите на ФАО проценуваат дека поскапувањето на прехранбените продукти делумно се должи на растот на населението во светот што резултира и со зголемена побарувачка за храна, но и на се поголемата потрошувачка на биогорива кои се произведуваат од земјоделски суровини кои традиционално се користат за исхрана.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|