
|
 |
Вести / Свет
|
|
Германскиот министер за надворешни работи во ненадејна посета на Авганистан
Кабул, 25 јули (МИА) - Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер-Штајнмаер денеска пристигна во ненајавена четиридневна посета на Авганистан.
Штајнмаер утрово пристигна во западниот град Херат со германски воен авион. Тоа е негова трета посета на Авганистан.
Министерот официјално ќе им го предаде на авганистанските власти управувањето на системот за снабдување со вода за пиење во Херат, изграден со германско финансирање.
Детали од програмата за посетата не се соопштуваат од безбедносни причини.
Германија во моментот има 3.500 војници во Авганистан. Во октомври Парламентот во Берлин ќе решава дали да го продолжи нивниот мандат.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|