
|
 |
Вести / Свет
|
|
Еден Палестинец загина во експлозија во Појасот Газа
Тел Авив, 25 јули (МИА) - Еден Палестинец загина денеска во една од двете експлозии, кои одекнаа во градот Газа, јавија светските агенции.
Безбедносните сили на Хамас соопштија дека првата бомба експлодирала во популарно христијанско кафуле во центарот на градот Газа, при што загинал случаен минувач. Неколку мига подоцна експлодираше друга бомба пред куќата на пратеникот на радикалното исламистичко движење Хамас, Марван Абу Раса. Во инцидентот нема повредени, но е причинета сериозна материјална штета.
Хамас, кој од пред повеќе од една година ја презеде контролата врз Појасот Газа, ги осуди денешните бомбашки напади.
Портпаролот на израелската армија соопшти дека не е запозант со каква било воена активност на израелската армија во градот Газа.
Минатиот месец на сила стапи договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, кој беше постигнат со посредство на Египет. Од друга страна се зголеми тензијата меѓу палестинските фракции, бидејќи Хамас настојува да ги спречи другите организации да изведуваат прекугранични напади на југот од Израел и ги апси сите оние кои го нарушуваат примирјето. Врз основа на договорот за прекин на огнот двете страни го стопираа непријателството, а Израел има обврска да ја олесни блокадата на ова сиромашно палестинско подрачје на брегот на Средоземното Море.
Израелските медиуми потсетуваат дека во мај експлодира бомба пред едно хистијанско училиште во Појасот Газа, при што немаше жртви, ниту повредени. Во Појасот Газа живеат околу 3.200 христијани, меѓу 1,4 милиони муслимани.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|