петок, 29.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Вести / Свет

Претставничкиот дом на Конгресот на САД одобри 48 милијарди долари за борба против сидата

Вашингон, 25 јули (МИА) - Претставничкиот дом на американскиот Конгрес усвои закон со кој во следните пет години ќе се отпуштат 48 милијарди долари за борба против сидата, туберкулозата и маларијата.

Законот веќе беше поддржан од Сенатот, и сега останува тој да биде потпишан од шефот на државата Џорџ Буш.

Претседателот Буш првенствено побара од Конгресот за неговиот план да одобри 15 милијарди долари за борба против сидата во Африка и на други места во светот. Демократите кои што имаат мнозинство и во двата дома на Конгресот, одлучија да ја прошират програмата и да доделат поголема сума пари.

Финансирањето  на медицинските и истражувачките програми ќе се одвива во рамки на т.н. Итен претседателски план за борба против сидата, усвоен во 2003 година.

Според официјалните податоци во светот има околу 33 милиони лица носители на ХИВ - вирусот и заболени од сида. Благодарение на планот на Буш во изминативе пет години 1,7 милиони лица кои што се заболени од сидата или заразени од вирусот на ХИВ ја добиле потребната медицинска помош.


Наjновo од Вести
Школски авион се урнал во близина на Охрид
Првични резултати за пријавени кандидати на државните универзитети во првиот уписен рок
Во Прилеп ќе се одржи манифестацијата „Летен културен бран“
Прилеп ја почнува кампањата за собирање и рециклирање пластична амбалажа
Груевски: Изградбата на северната трибина на Градскиот стадион според планираното
Уапсени двајца прилепчани осомничени за тешки кражби во Скопје
Нафтата поскапе поради заканата од ураганот Густав во Мексиканскиот залив
Дваесет мртви и 13 повредени во сообраќајна несреќа во Уганда
Евакуирани повеќе од два милиони луѓе поради поплави во Индија
Над 30 талибанци се убиени во серија напади во Авганистан
Талабани: Војските на САД ќе останат во Ирак до 2011 година
Ослободени сите патници од киднапираниот судански авион
САД со признавањето на Косово ги загрозија односите со Русија, смета американски аналитичар
Киднаперите ќе ги ослободат жените и децата од суданскиот авион
Киднаперите на суданскиот авион одбиваат да преговараат
Седум лица загинаа во експлозија на хотел во Пакистан
Infected Mushroom
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи