
|
 |
Вести / Свет
|
|
Американскиот Конгрес го отфрли предлогот за продажба на нафта од резервите
Вашингтон, 25 јули (МИА) - Претставничкиот дом на американскиот Конгрес не го прифати предлог-законот кој би ја обврзал Владата да продаде 70 милиони барели американска „лесна“ нафта од стратешките резерви, за да се намали цената на бензинот на домашниот пазар.
Законот го предложи Демократската партија, надевајќи се дека вадењето поголеми количини нафта од резервите на пазарот ќе резултира со поефтинување на тој енергенс.
Белата куќа се закани дека ќе стави вето на законот, доколку ја помине конгресната процедура, тврдејќи дека Конгресот треба да работи на зголемување на снабдувањето на домашниот пазар, а не да ги троши стратешки резерви.
Во Претставничкиот, долен дом на Конгресот, предлог-законот вчера доби мнозинство од 268 гласови „за“ и 157 гласови „против“, но беше потребна двотретинско мнозинство за да стапи на сила.
Законскиот предлог предвидуваше во наредните шест месеци во продажба на пазрот да се пуштат десет отсто од стратешките резерви на нафта или 70 милиони барели. Средстваtа добиени од продажбата би се искористиле за купување на иста количина „тешка“ нафта, која е поевтина, но потешко се преработува од „лесната“.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|