вторник, 07.10.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Те сакаме сите, Тоше
Вести / Свет

Нафтата поскапе на над 126 долари за барел

Лондон, 25 јули (МИА) - По континуираниот двонеделен пад на нејзината цена, нафтата на денешните тргувања на светските берзи поскапе на над 126 долари за барел, како резултат на намалувањето на вредноста на американскиот долар.

На берзата во Лондон цената на европскиот „брент“ од Северното Море за испорака во септември се зголеми за 86 центи на 127,30 долари за барел, додека американската лесна нафта, исто така за септемвриска достава, на Берзата во Њујорк поскапе за 68 центи на 126,17 долари за барел.

Во средата нафтата на светските берзи поевтини на 124,4 долари за барел што претставуваше нејзина најниска цена од 4 јуни. Сега нафтата чини за околу 15 проценти помалку во споредба со нејзината рекордна цена од 11 јули од 147,27 долари за барел.

Аналитичарите проценуваат дека денешниот раст на цената на нафтата се должи на намалување на вредноста на доларот во споредба со еврото и јапонскиот јен, со што инвеститорите во обид да се ослободат од залихите на американската валута купуваат суровини, пред се нафта.

Еврото денеска се менува за 1,5679 долари, што претставува раст на неговата вредност во однос на вчерашниот ден, кога за една европска се добиваа 1,5737 американски валути. Во исто време вредноста на доларот падна и во однос на јапонскиот јен од вчерашните 107,13 на 107,29 јени.

Падот на вредноста на доларот се објаснува со намалувањето на продажбата на недвижности во САД во текот на јуни за 2,6 проценти, што претставува двојно поголемо намалување од очекуваното.

Аналитичарот на „Комонвелт банката на Австралија“, Дејвид Мур оценува дека до поголем раст на цената на нафтата не дошло поради стравувањето на инвеститорите од натамошно намалување на потрошувачката на горива во САД.

- Потрошувачката на нафта во САД е помало во споредба од пред една година, што мислам дека е доказ оти пазарот се прилагодува на високите цени на „течното злато“, изјави Мур.

Во претходните четири недели, заклучно со 18 јули, потрошувачката на горива во САД е намалена за 2,4 отсто во однос на истиот период лани. Аналитичарите наведуваат дека ваквото намалување можеби не изгледа значајно, но сепак укажува на промена на однесувањето на граѓаните на САД, кои се најголем светски потрошувач на енергенси.


Наjновo од Вести
Струмичкото стопанство за девет месеци оствари извоз од околу 50 милиони евра
Дирекцијата за храна изврши контроли во 32 објектa низ Скопје
Јанез Јанша сака да го тужи финскиот новинар
Во Куманово почна судскиот процес против Халили обвинет за убиство на командирот на Полициската станица во Матејче
Франција: Обвинителот бара Вилпен да биде вратен пред судот
Можен кредит од ЕБОР за четири земји од Западен Балкан
Русија лансира сателит за изучување на молњи
Оружјето на киднапираниот украински брод е наменето за Владата во јужен Судан
Во Авганистан убиени 60 талибанци
Нил Кашкари именуван за шеф на американската финансиска програма за излез од кризата
Тајван ја обвини Кина за обид за биолошка војна
Јапонците Макато Кобајаши и Тошихиде Маскава и Американецот Јоичиро Намбу добитници на Нобеловата награда за физика за 2008 година
Хјуман рајтс воч: САД го изгубија легитимитетот во светот
Тајландскиот вицепремиер поднесе оставка поради протести
Кина ги затвора училиштата од безбедносни причини по земјотресот во Тибет
Две експлозиии крај Зелената зона во Багдад
Американски автор на книга против Барак Обама уапсен во Нигерија
vibe tribe
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи