
|
 |
Вести / Свет
Џорџ Буш официјално ја отвори Амбасадата на САД во Пекинг
Пекинг, 8 август (МИА) - Американскиот претседател Џорџ Буш денеска официјално ја отвори новата Амбасада на САД во Пекинг, наведувајќи дека таа е „симбол на продлабочените врски меѓу двете земји - трговски партнери и понекогаш политички ривали“.
Буш истакна дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат Кина „на патот кон слободната економија и дека луѓето треба да имаат слобода на говорот и да веруваат во бог по свој избор“.
Американската амбасада во Пекинг е втора по големина во светот по таа во Багдад. Зградата е со површина од 46.500 квадратни метри, а се наоѓа на парцела од четири хектари во новата дипломатска зона во Пекинг. Нејзината изградба чинеше 434 милиони долари.
Претседателот Буш во Пекинг допатува заедно со неговиот татко Џорџ Буш постариот и Хенри Кисинџер, државен секретар на поранешниот американски претседател Ричард Никсон, кој почна политички дијалог со Кина.
Церемонијата на отворање на нова Амбасада ан САД уследи откако минатата седмица во Вашингтон беше отворена нова Кинеска амбасада со површина од 23.225 квадратни метри. Таа е изградена од стакло и камен и е „најголемо чудо“ во Вашингтон.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|