
|
 |
Вести / Свет
Кинеска исламистичка група објави на Интернет заканувачки видео снимки против Олимписките игри во Пекинг
Пекинг, 7 август (МИА) - Американската организација ИнтелСентер, која што набљудува екстремистички Интернет страници, соопшти дека кинеска исламистичка група објавила видео материјал на кој се заканува со напади на Олимписките игри во Пекинг.
Снимката прикажува експлозија на некое место и спалено олимписко лого.
Сличен видео материјал, со датум од 23 јули, вчера беше објавен на Интернет. И двата се припишуваат на Исламистичката партија на Туркистан, која според експерти произлегла од сепаратистичката група од централноазискиот пограничен реон на Кина, која што одржува врски со Ал каеда.
Вториот видео материјал носи датум од 1 август. Коментарите на него се на ујгурски. Ујгурите се муслиманско малцинство во западниот дел на Кина, кои што имаат долга историја на напнати односи со централната Влада. Коментарите засега не се преведени.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|