
|
 |
Вести / Свет
Британски дипломати нападнати од еврејски доселеници на Западниот Брег
Лoндон, 7 август (МИА) - Возилото во кое се патувале британски дипломати е нападнато од поголема група еврејски доселеници во градот Хеброн на Западниот Брег, информираат британските медиуми.
Како што јави дописникот на МИА од Лондон, во нападот врз блиндираното возило со кое дипломатите биле во посета на Западниот брег, никој не е повреден.
Автомобилот бил удиран додека минувал низ Хеброн, а потоа и насила запрен, па морала да интервенира израелската полиција. Покрената е истрага за инцидентот во која се вклучени и Британците, чија цел е да се утврди која е причината за почестите судири меѓу локалните еврејски доселеници и мировните групи кои го посетуваат реонот.
Нападот врз британските дипломати е извршен во дел од Хеброн каде се предвидува да нема ограничување за локалните Палестинци.
Претставник на британскиот Генерален конзулат изјави дека дипломатите биле во мисија на рагледување на областа, придружувани од еден поранешен израелски војник, кој сега е активист на мировната организација „Прекинете го молчењето“.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|