
|
 |
Вести / Свет
„Тајмс“: Драматична симболика на Олимпијадата во Пекинг
Лондон, 8 август (МИА) - Ниту едно отворање на едни Олимписки игри уште од времето на оние одржани во Москва пред 28 години, не е проследено со толку многу очекувања и стравувања, како годинешново во Пекинг, пишува лондонски „Тајмс“.
Како што јави дописникот на МИА од Лондон, весникот вели дека на оваа Олимпијада може се да се случи, како на спортските терени, така и надвор од нив, особено што политичките тензии и протестите на активистите за човекови права, веќе се најдоа во центарот на вниманието на светската јавност, исто онака ако што тоа се случуваше на московската Олимпијада во 1980 година.
Според „Тајмс“, смогот во воздухот и летната горештина што се надвиснаа над кинескиот главен град, како и натпросечната талентираност на домашните спортисти и нивниот патриотизам, ги прави овие Олимписки игри да бидат едни од најкотроверзните, најисполитизираните и најнепредвидливите во историјата на олимпизмот.
„Индепендент“ меѓутоа оценува дека отворањето на Олимпијадата во Пекинг е исполнето со „драматична симблика“.
Со богатото и раскошно свечено отворање, како што веќе се виде на генералната проба, Кина сака да му покаже на целиот свет дека нејзиниот раст од земја во развој во светска сила, за никого не претставува закана, констатира весникот.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|