
|
 |
Вести / Свет
|
|
Киднаперите ќе ги ослободат жените и децата од суданскиот авион
Триполи, 27 август (МИА) - Киднаперите на суданскиот авион, кој вчера принудно слета во јужниот дел на Либија поради недостаток на гориво и во кој се наоѓаат над 100 патници, најверојатно ќе ги ослободат жените и децата, објавуваат западните медиуми.
Претходно, грабнувачите одбија да преговараат и го отфрлија предлогот на либиските власти да им се дозволи да им достават храна на патниците кои се наоѓаат во авионот, како и да им биде укажана медицинска помош на некои од нив, кои се онесвестиле поради лошото функционирање на системот за климатизација.
Суданскиот авион вчера е киднапиран веднаш откако полетал од јужен Дарфур кон суданскиот главен град Хартум. Киднаперите тврдат дека се членови на Армијата за ослободување на Судан и бараат да заминат во Париз кај својот лидер Абдел Вахид Мохамед Нур, каде има добиено азил.
Францускиот министер за надворешни работи Бернар Кушнер изјави дека „Париз ги разгледува сите можни варијанти“ за да ги заштити животите на заложниците во авионот.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|