Ослободени сите патници од киднапираниот судански авион
Триполи, 27 август (МИА) - Сите патници од киднапираниот судански авион денеска се ослободени, јавија западните медиуми.
Претходно, киднаперите соопштија дека ќе бидат ослободени само жените и децата од авионот, во кој се наоѓале 87 патници и осум члена на екипажот.
- Уште немаме целосна претстава за бројот и националноста н киднаперите. Тие му кажале на пилотот дека се членови на Армијата за ослободување на Судан, но засега не можеде даго потврдиме тоа, изјави либиски официјален претставник, кој побарал да остане анонимен.
Западните медиуми јавуваат дека почнале преговори меѓу либиските власти и еден од киднаперите на авионот.
|