
|
 |
Вести / Свет
Ураганот Густав зеде 59 жртви
Порт О Пренс, 29 август (МИА) - Бројот на жртвите на ураганот Густав на Карибите достигна 59 лица.
Најмалку 51 лице загинаа на Хаити во поплави, свлечишта, како и поради паднати дрва како последица на ураганот.
Осум луѓе загинаа во Доминиканската република при лизгање на земјиштето предизвикано од ураганот.
Локалните власти соопштија дека многу куќи се разурнати, на многу места е прекинато снабдувањето со електрична енергија. Властите, кои објавија вонредна состојба, меѓу населението во ризичните зони распространија инструкции за евакуација.
Ураганот се придвижува кон бреговите на Куба, Мексико и на Јамајка. Неговата брзина е 110 километри на час. Некои западни медиуми јавија дека ураганот веќе ја достигнал Јамајка и во моментот се евакуираат жителите, туристите и работниците на нафтените платформи од реонот.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|