петок, 29.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Вести / Свет

Обама официјално ја прифати номинацијата

Денвер, 29 август (МИА) - Сенаторот од Илионис Барак Обама синоќа официјално ја прифати номинацијата за претседателски кандидат на Демократската партија на ноемвриските претседателски избори во САД.

- Со длабока благодарност ја прифаќам номинацијата, рече Обама во  рамките на 45-минутниот говор пред околу 75.000 приврзаници собрани на спортскиот стадион во Денвер, Колорадо, врз основа на вчерашната одлука на учесниците на изборната конвенција на демократите за негова номинација.

Тој истакна оти е носител на промената, од која Америка има потреба. Обама ги увери своите приврзаници дека неговиот избор е гаранција за исполнување на ветувањето кое Америка им го должи на своите граѓани.

Обама ја опиша кризната состојба во која се наоѓа земјата и го истакна значењето на претстојните избори за нејзино надминување.

Обама ја посочи некомпетентноста на администрацијата на Буш и неговото неодговорно управување како главна причина за сегапната состојба на средната класа и истакна дека Меккејн не предлага алтернатива на досегашниот курс, туку, според него, продолжение на „погубната политика“ за земјата.

Претходно, на третиот ден на конвенцијата, довчерашниот противник на Обама, Хилари Клинтон, им предложи на присутните ниминацијата веднаш да ја прифатат со акламација, дури и пред да биде завршено церемонијалното изјаснување на демократите од секоја одделна сојузна држава.  

На овој начин, Обама стана првиот Афроамериканец во историјата на САД, кого една голема партија го предложи за свој претседателски кандидат. Тој на претседателските избори на 4 ноември ќе се соочи со својот противник републиканскиот кандидат Џон Меккејн.


Наjновo од Вести
Грузија прифаќа одржување конференција за Кавказ во Рим
Русија ќе го запре увозот на пилешко месо од 19 фирми од САД, изјави Путин
Ураганот Густав зеде 59 жртви
Радован Караџиќ денеска по вторпат ќе се појави пред Хашкиот трибунал
Обама официјално ја прифати номинацијата
Буш ќе одобри помош во околу шест милиони долари за Грузија
Екипата „Летна бавча Канео“ од Охрид апсолутен победник на летните игри на вода
Рускиот премиер Путин ги обвини САД за мешање во конфликтот во Грузија
Земјотрес покрај брегот на канадскиот остров Ванкувер
Полковник на либанската армија убиен откако врз неговиот хеликоптер било стрелано од вооружени лица
„Фајненшел тајмс“: Кина може да има најголема полза од кавгата меѓу Русија и Западот (РПТ)
Цената на нафатата околу 100 долари за барел разумна, смета Чавес
Билансот на жртвите во ураганот Густав се зголеми на 23 лица
Земјите од Шангајската организација за соработка усвоија декларација во која се изразува загриженост во врска со настаните во Грузија
Infected Mushroom
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи