Полковник на либанската армија убиен откако врз неговиот хеликоптер било стрелано од вооружени лица
Бејрут, 28 август (МИА) - Полковник од либанските воено-воздухопловни сили беше убиен во хеликоптер, врз кој било стрелано од вооружени лица во Јужен Либан, соопшти либанската армија.
Хеликоптерот на либанските воено-воздухопловни сили, слетал принудно поради тоа што било стрелано врз него од земја. Пилотот полковник Самер Хана е убиен. Случајот се истражува.
Претставник на силите за безбедност претходно соопшти за смртта на офицерот и додаде дека се повредени членови на екипажот, но не го прецизира нивниот број.
Либанскиот Црвен крст испрати екипи на местото, за да ги транспортира и да укаже медицинска помош на настраданите.
Реонот Иклим ат Туфах, во близина на градот Набатие, каде што се случил инцидентот, беше упориште на шиитското движење Хезболах при израелската окупација на Јужен Либан.
|