
|
 |
Вести / Свет
|
|
Јапонија ќе ги укине санкциите врз Северна Кореја
Токио, 29 август (МИА) - Јапонија денеска соопшти дека ќе укине дел од санкциите врз Северна Кореја, наспроти нејзината најава да го запре процесот на демонтирање на нуклеарните постројки, под услов Пјонгјанг да ја продолжи истрагата за исчезнатите јапонски државјани.
Токио планира да укине некои санкции кон Пјонгјанг ако Северна Кореја го спроведе во практика договорот за истрагата за киднапирање на јапонски државјани, кое го извршиле нејзини агенти во 70-те и 80-те години на минатиот век, изјави шефот на јапонската дипломатија Масахико Кумура три дена откако Пјонгјанг соопшти дека го прекинува процесот на нуклеарно разоружување.
Јапонскиот министер нагласи дека неговата земја ќе продолжи да ги поддржува напорите на Русија, Кина, Јужна Кореја и САД за разоружување на корејскиот полуостров.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|